Струмица на површина од 25 хектари ќе добие Технолошко-индустриската развојна зона која ќе се гради во катастарската општина Свидовица. Зоната е лоцирана на 50 километри од граничниот премин "Богородица" кон Грција и на 23 километри од граничниот премин Ново Село кон Бугарија. На поставување на камен-темелникот на ТИРЗ "Струмица" премиерот Никола Груевски кажа дека во зоната ќе се инвестираат околу 300 милиони денари со кои ќе се изгради сообраќајница, водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација, електроенергетска мрежа, телекомуникациска инфраструктура, како и улично осветлување. Со тоа ТИРЗ Струмица" ќе стане функционална целина која со своите карактеристики ќе може да им посака добредојде на сите потенцијални инвеститори во овој регион, кажа Груевски и додаде дела местото на кое е лоцирана зоната на потенцијалните инвеститори ќе им овозможи добра комуникација со двете соседни земји, но и со меѓународниот пазар.
Струмица на површина од 25 хектари ќе добие Технолошко-индустриската развојна зона која ќе се гради во катастарската општина Свидовица.
Зоната е лоцирана на 50 километри од граничниот премин "Богородица" кон Грција и на 23 километри од граничниот премин Ново Село кон Бугарија. На поставување на камен-темелникот на ТИРЗ "Струмица" премиерот Никола Груевски кажа дека во зоната ќе се инвестираат околу 300 милиони денари со кои ќе се изгради сообраќајница, водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација, електроенергетска мрежа, телекомуникациска инфраструктура, како и улично осветлување.
- Со тоа ТИРЗ Струмица" ќе стане функционална целина која со своите карактеристики ќе може да им посака добредојде на сите потенцијални инвеститори во овој регион - кажа Груевски и додаде дела местото на кое е лоцирана зоната на потенцијалните инвеститори ќе им овозможи добра комуникација со двете соседни земји, но и со меѓународниот пазар.
Премиерот смета дека една од областите во која Владата ја препознала можноста за отворање нови работни места и привлекување нови инвеститори е постојаното инвестирање во ТИРЗ-овите во државата. Истакна дека како резултат на тие залагања наскоро странски инвеститор во Струмичко ќе отвори лабораторија за производство на семенски материјал за цвеќиња во која ќе се вработат од 250 до 300 луѓе и додаде дека очекува во наредните неколку години, кога зоната ќе биде готова, да дојдат значајни странски инвеститори.
За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески се работи за голем проект кој ќе значи економско заживување за регионот на Струмица и ќе се отворат нови работни места. Тој нагласи дека во буџетот за наредната година се обезбедени средства за изградба на ТИРЗ "Струмица", која ќе биде 9 индустриска зона. Во зоната ќе има два влезни коловози со широчина од 3,75 и два излезни коловози со иста широчина, како и тротоари од двете страни на коловозите од по 2,5 метри.
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, потсети дека во високотехнолошките преработувачки капацитети во ТИРЗ "Скопје 1", "Скопје 2" и "Штип" во текот на 2012 година инвестирани се 62 милиони евра.
- Оваа година само во постоечките капацитети ќе се реализираат вкупни инвестиции од над 70 милиони евра - посочи Мизо и нагласи дека извозот од ТИРЗ-овите во 2012 година изнесувал над 20 отсто од вкупниот извоз во земјава, а годинава се очекува тој удел да се зголеми на над 25 отсто.
Според Мизо во 2012 година за потребите на компаниите лоцирани во зоните домашните компании доставиле стоки и услуги во вредност од околу 40 милиони евра. Досега во зоните се вработени 2.270 лица, а до крајот на годинава се очекува бројот на вработени да биде над 2.500.
Во Македонија вкупно е предвидено изградба на 14 ТИРЗ-ови и градбата на сите треба да започне најдоцна до март или април следната година. Во моментов во функција се зоните ТИРЗ "Скопје 1", "Скопје 2" и "Штип", а во тек се градежните работи во ТИРЗ "Кичево", "Гевгелија" и "Прилеп". За останатите зони во моментов се изработува техничката документација.
Груевски: Капиталните инвестиции за 2014 година 20 отсто поголеми од годинава
Во буџетот за наредната година предвидена е досега најголема сума за капитални инвестиции. Ставката ќе бидат за речиси 20 отсто поголеми од годинава и ќе предизвикаат раздвижување на градежниот сектор кој, пак, ќе влијае позитивно на 26 други индустриски гранки. Според премерот Никола Груевски секоја година постојано ги зголемуваме парите во буџетот за овие намени, бидејќи тоа се средствата кои помагаат на развојот на економијата и за отворање на нови работни места.
- Ќе се инвестираат околу 22 милијарди денари од кои најголем дел за патишта и железница, но и за други проекти. Се е добро испланирано и за секој проект се знае кога ќе започне, кога ќе заврши и колку пари ќе се инвестираат во него - нагласи Груевски.